Промени тема
Контакт

(Видео) Претседателката Сиљановска-Давкова во Галичник заигра оро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryv0vqdug8oc8k1OPsWtc

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојуваше во Галичник, каде ја поддржа иницијативата за обновување и одржлив развој на селото, а се приклучи и на традиционалното оро.

Таа порача дека зачувувањето на Галичник не претставува само грижа за минатото, туку и создавање основа за идните генерации.

„Зачувувањето на Галичник не е само грижа за минатото, туку создавање цврста и инспиративна основа за новите генерации, потврдувајќи дека традицијата и развојот можат успешно да се надополнуваат и да чекорат рака под рака“, истакна претседателката.

— реклама —

Претходно, во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за обновување и ставање во функција на повеќе објекти од историско, културно и општествено значење. Пред дипломатскиот кор, претставници на меѓународни организации, бизнис секторот и локалната самоуправа, иницијативата ја презентираа претставниците на месната заедница предводени од претседателот Огнен Караѓозовски.

— реклама —

Во рамки на посетата, гостите ги разгледаа традиционалната галичка куќа „Филиповска“, црквата „Св. Петар и Павле“, каде беше претставено значењето на Галичката свадба како една од најпрепознатливите македонски културни манифестации, како и куќата на Ѓорѓија Пулевски и црквата „Св. Петка“.

Галичник останува еден од најсилните симболи на македонскиот културен идентитет, место каде традицијата живее преку архитектурата, обичаите, песните и сеќавањата што се пренесуваат од генерација на генерација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

„35 години била жртва на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода“, Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на Шефије Јакупи

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Познати имињата на осудениците кои ги помилува претседателката на Илинден

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj5h4rsvppuup1UHKy1V

Претседателката на самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl09624oprd929CgiRTP

Вучиќ по телефонскиот разговор со Силјановска-Давкова: Заедно за посилен и постабилен регион

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања