Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ВИДЕО: Рашковски како студент не го сакаше НАТО, а како обвинет 17 пати го споменува во соопштение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dfasdfasdf

Некогашниот генсек на Владата и обвинет во предметот „Софтвери“, Драги Рашковски, утрово коментираше за НАТО преку соопштение, се повикуваше за процедури на оваа организација чија членка е и Македонија. Ова се случува истоворемено, кога него му се суди за незаконска јавна набавка и делење на хонорари.

— реклама —

Истовремено, јавноста се сети и на моменти кога Рашковски зборуваше контра НАТО, додека беше студент, втора година, на Правниот факултет. Во денешното соопштение, преку кое коментира за чувањето докази во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од кое е обвинет, дури 17 пати го споменува НАТО. Се повикува и на нивните стандарди, па дури и дека се борел за НАТО.

— реклама —

„Не се боревме за НАТО толку многу за тие да не брукаат“, вели Рашковски меѓудругото.

— реклама —

Сепак, на интернет постојат траги каде Рашковски вели дека е подобро НАТО да не нѐ сака. На ораторските вечери организирани додека тој е студент на Правниот факултет, може да се слушне и осети анти-западниот сентимент на тогаш младиот Рашковски.

„Подобро што НАТО не нѐ сака, нивната љубов боли“, велеше Рашковски како студент, па во истиот говор коментираше и за НАТО и состојбата во Македонија во 2001 година и додава: „Двоумејќи се како да ги наречат терористите, на крајот ги крстија борци за човекови права. Тие исти, фамозните права ги бараа со палење куќи, масакрирање војници, протерување на се што не е нивно...Зошто не би требало да бараме влез во НАТО? Прво не нѐ сакаат... Доколку НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај Боже НАТО пак да ни гарантира. Додека љубовта и парите го вртат светот, НАТО го бомбардира“.

Целиот негов говор:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

raskovski-mekici

Рашковски добива трет судија: изборот на Савески за републички обвинител го враќа предметот пак одново да се суди

Македонија | пред 8 часа

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-2590PM

Пет години му се суди на Рашковски: откако Апелација ја укина првата пресуда, обвинет признал вина за местење тендери

Македонија | пред 3 седмици

20230706214704

Осумка, некој гордо ја носи, на друг му се темни од неа

Магазин | пред 2 години

IMG_0532

Рашковски: Кога обвинител ќе промаши 99% во обвинителниот акт - тоа зборува за каков стручњак станува збор

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања