Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Романија собори дрон што навлезе во нејзиниот воздушен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8emp0t0sqgqrc4tbIKK

Романски борбен авион Ф-16 собори беспилотно летало што навлезе во воздушниот простор на земјата, соопшти претседателот на Романија, Никушор Дан.

— реклама —

Според него, инцидентот се случил утрово околу 11 часот над ненаселено подрачје, што му овозможило на пилотот безбедно да го собори дронот без опасност за населението.

— реклама —

„Тимови на надлежните институции се на терен и ги утврдуваат сите околности поврзани со инцидентот“, напиша Дан на социјалната мрежа Икс, без да го прецизира потеклото на беспилотното летало.

Романското Министерство за одбрана соопшти дека дронот бил соборен во близина на местото Падина, во округот Бузау, во источниот дел на земјата.

— реклама —

Романија, како членка на НАТО и Европската Унија, има околу 650 километри копнена граница со Украина. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, романските власти повеќепати пријавија нарушување на воздушниот простор од беспилотни летала поврзани со конфликтот. Кон крајот на мај годинава дрон погоди станбена зграда во Романија, при што беа повредени две лица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Три брода во пламен по напад со дронови во близина на Романија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys87md9jv0gm05pkXJum

Романија бара помош од сојузниците по нападите со дронови врз бродови во Црното Море

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Романија враќа нуклеарен реактор на мрежата: Се очекува подобро снабдување со електрична енергија

Свет | пред 2 седмици

media-library8922i6mh58k54UPlfRM

Брод погоден со дронови кај Романија: Еден загинат, тројца исчезнати

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања