Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Руски дрон погоди патнички воз со 340 луѓе, загинаа машиновозачот и неговиот помошник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarycf728vqh3gcba93SCxQ

Двајца членови на екипажот загинале откако руски дрон со млазен погон ја погодил и уништил локомотивата на патнички воз во Одеската област, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според Зеленски, во возот во моментот на нападот имало 340 луѓе, а машиновозачот и неговиот помошник биле усмртени во нападот.

— реклама —

„Оној што управувал со тој дрон сигурно не можел да не знае дека целта е целосно цивилна“, порача Зеленски, изразувајќи сочувство до семејствата и блиските на загинатите.

— реклама —

Украинскиот претседател информираше и дека во текот на ноќта биле извршени напади во 11 региони на Украина, при што руските сили употребиле повеќе од 130 напаѓачки дронови.

Зеленски оцени дека руските сили секојдневно ги напаѓаат животите на цивилите, како што наведе, „едноставно заради терор“.

— реклама —

Тој повика на дополнителна меѓународна поддршка за украинската противвоздушна одбрана и поголем притисок врз Русија.

— реклама —

„Потребна е поголема поддршка за противвоздушната одбрана и поголем притисок врз Русија, ако светот навистина сака да ја запре оваа војна во Европа“, порача украинскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 14 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 17 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања