Промени тема
Контакт

(Видео) Саудиска Арабија пресретна две ракети и девет дрона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library6c9maigc9ked2TexsTR

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека армијата пресретнала две крстосувачки ракети јужно од главниот град Ријад, пренесува Ројтерс.

Одделно, официјалната саудиска новинска агенција објави дека биле соборени и девет дронови кои влегле во воздушниот простор на земјата. Засега нема информации од каде биле лансирани ракетите и беспилотните летала.

— реклама —

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека прикажуваат уништена зграда во воената база „Принц Султан“, која наводно била погодена од иранска ракета. Нема официјална потврда за овие тврдења.

Претходно, CNN објави дека во базата се наоѓаат летала на американската војска, меѓу кои и авионите Boeing E-3 Sentry, познати како „Авакс“. Овие авиони имаат клучна улога во раното предупредување и откривање непријателски сили и ракети.

— реклама —

Дополнително, на социјалните мрежи се појавија и непотврдени тврдења дека иранските сили погодиле и други американски воени објекти во регионот, но официјални информации од надлежните институции засега нема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library309t1u4gb1didzIWSg1

(Видео) Иран повторно напаѓа во Заливот: Кувајт пресретнал 13 балистички ракети и 17 дронови

Свет | пред 2 дена

media-libraryi2ap9e5aj7lf8vEtVcJ

(Видео) Иран објави видео за наводен атентат врз синот на Трамп, сега тврди: „Тоа се лаги на Нетанјаху“

Свет | пред 1 седмица

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 седмица

iran

„Подготвени сме 100 отсто“: Иран тврди дека ги подобрил системите по последните судири

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања