Промени тема
Контакт

(Видео) Се санираше дупката во која влезе советничка од СДСМ во центарот на Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0cf4h8eenubsdedk9xk

Дупката на улицата „Пеце Матичевски“ во центарот на Битола, во која вчера влезе советничката од СДСМ, денеска е санирана.

Дупката се наоѓаше во близина на Центарот за култура, на само неколку чекори од Широк Сокак и хотелот „Епинал“. На снимка објавена на социјалните мрежи, советничката посочи дека во оштетувањето претходно пропаднало и возило, по што советничката влезе во дупката за да ја покаже нејзината големина.

— реклама —

„Зарем вака се сака нашиот град, зарем вака се развива нашиот град?“, праша таа, укажувајќи дека оштетувањето се наоѓа и во близина на Народниот театар и едно од најстарите училишта во државата.

— реклама —

„Зарем ова е безбедноста што ја заслужуваат битолчани? Зарем ова е културата што ја заслужуваат битолчани?“, порача советничката.

Оштетувањето претходно било означено со пластична сигнализација, а по објавувањето на снимката, екипите на јавните претпријатија започнаа со санација.

— реклама —

Од Општина Битола информираат дека оштетувањето кај комплексот „Пелагонија 2“ било констатирано во изминатиот период, по што ЈП „Нискоградба“ поставило соодветна ознака. Со механизација било пристапено и кон утврдување на причината за оштетувањето, односно проверка дали станува збор за проблем поврзан со водоводната или канализациската мрежа.

— реклама —

Од Општината претходно посочија дека обилните врнежи во изминатиот период предизвикале оштетувања на повеќе улици низ градот, поради што надлежните екипи биле постојано на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6tnt0hki4f9cbhfjna

(Фото) Во Битола одбележани 110 години од Кајмакчаланската битка

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

Пресврт по тепачката во Битола: Оној кој го влечеле по „Широк сокак“ е жив, починал оној кој влечел

Македонија | пред 4 седмици

media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

(Видео) Се појави снимка: Човекот најден мртов во дворот на битолската болница бил влечен низ чаршијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvopd3jbhb68o9utjY3G

Почина Столе Здравевски, долгогодишниот вокалист на битолската група „Боеми“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања