Промени тема
Контакт

(Видео) Се урна зграда на Филипините: Едно лице загина, 21 се водат како исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryd87uij7sl4hjan4wZhk

Најмалку едно лице загина, а 21 се водат како исчезнати по уривање на зграда во изградба на Филипините, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во градот Анџелес, северно од Манила, по што филипинските власти започнале истрага за причините за уривањето на повеќекатницата.

Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините, составени од бетонски плочи и искривен челик. Во потрагата се користат кучиња трагачи, уреди за откривање срцеви отчукувања и тешка механизација.

— реклама —

Властите соопштија дека загинал 65-годишен државјанин на Малезија, чие тело било пронајдено во соседен хотел што исто така бил оштетен од уривањето.

— реклама —

Од регионалното биро за противпожарна заштита изјавија дека е потврдено оти најмалку пет лица се затрупани под урнатините.

— реклама —

„Двајца од нив комуницираат со спасувачите, додека состојбата на останатите засега не е позната“, изјави Марија Леа Саџили на прес-конференција.

Спасувачките операции продолжуваат, но властите предупредија дека потрагата ќе биде значително потешка во текот на ноќта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjkuktcjqf41rfs6Ac83

(Видео) Трогателна средба: Златен ретривер повторно со семејството откако три дена бил затрупан под свлечиште на Филипините

Вирално | пред 4 дена

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Ученик со пушка и пиштол отворил оган во училиште на Филипините: убил едно лице, па се самоубил

Свет | пред 6 дена

media-librarynht31uq0v4rkeo80MkF

Поплави и свлечишта ги погодија Филипините: 23 лица загинаа, илјадници се евакуирани

Свет | пред 1 седмица

media-librarydl7ivsv89svbd0UCOsy

Поплави и одрони на Филипините однесоа најмалку 12 животи, осум лица исчезнати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања