Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Секси мама“ во „Македониумот“ му е тазе случај на министерот за култура: Случајот е чувствителен, ќе видиме со правните служби како понатаму

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2m1tjl3ugqbkaiScdAE

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, се огласи за снимањето на спотот за песната „Секси мама“ во „Македониумот“ во Крушево, каде што се наоѓаат и моштите на војводата Никола Карев. Тој вели дека станува збор за чувствителен случај и дека допрва треба да се разгледаат сите правни аспекти.

— реклама —

„Ние како Министерство сме надлежни да ги браниме сите артисти. Имаме чувствителен случај пред нас. Треба со правните служби да видиме како понатаму. Треба да видиме што е законски. Директорите треба да припазат кога изнајмуваат објекти, за да знаат каква содржина се продуцира“, рече Сулејмани.

Тој додаде дека за случајот нема детални информации, бидејќи, како што посочи, за снимањето дознал утрово.

— реклама —

„Проблемот е нов, немам детални информации. Со Владата ќе видиме како понатаму. Спотот е снимен од порано. Не знам, ќе видиме што со директорите“, изјави министерот.

— реклама —

На прашањето за самото снимање на спотот од раперот во „Македониумот“, Сулејмани повтори дека во моментов не располага со доволно информации за да даде поконкретен одговор.

„Деталите не ги знам, нов случај е овој за мене, сабајле дознав. Ако кажам нешто, ќе згрешам. Ќе видам за дополнителни информации и ќе ве известам“, рече Сулејмани на прашањето дали за снимањето била побарана дозвола од Управата за заштита на културното наследство, под чија надлежност е „Македониумот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library70mu5f1d0v9e4cucyeE

(Фото) „Во оваа држава само градежна маркица има вредност“: Многуфина со фотографии од отпадот кај Скопскиот аквадукт

Коментари | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

Раперот Дон Џони по реакциите за спотот во Македониумот: Не сакавме никого да навредиме

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

По реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“, директорот на Историскиот музеј во Крушево си поднесе оставка

Македонија | пред 1 месец

media-libraryctfaif6ij7d85USwRoK

(Видео) Младите од СДММ бараат одговорност за срамот со „Секси мама" и сквернавење на „Македониумот“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања