Промени тема
Контакт

(Видео) „Шо праите бе другари“ - Заев со аплауз пречекан на јубилејот на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Настани
media-librarybv8sotsts27u0ZD0OYB

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) вечерва одбележа 35 години од своето основање на свечен настан на кој присуствуваа членови и поддржувачи на партијата.

Настанот привлече внимание и поради првото јавно појавување по подолг период на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој се појави на самата завршница на свеченоста, околу пет минути пред крајот, откако веќе завршиле сите говори и музичкиот дел од програмата.

— реклама —

Според снимките од настанот, Заев беше пречекан со аплауз од присутните, а дел од гостите му приоѓаа, се поздравуваа, го прегрнуваа и се фотографираа со него.

Во еден момент, тој ја здогледува Каја Шукова,се поздравува со нејзе и ја прегрнува, а потоа со насмевка на останатите присутни им вели: „Шо праите бе, другари“.

— реклама —

На видеото може да се слушне како Заев се извинува за доцнењето, велејќи: „Извинете на доцнење сега, ама морав таму на промоција на тоj филмот“.

— реклама —

Неговото појавување предизвика интерес кај дел од присутните, имајќи предвид дека подолго време не беше активен во јавниот политички живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 1 месец

media-library003b8vn3leib0la7zIk

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања