Промени тема
Контакт

(Видео) Страотни снимки од урнатата зграда во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi
ФБ

Две лица загинаа, а три се повредени во уривањето на седумкатна зграда во градот Гебзе, во северозападниот дел на Турција. Според извештаите на Euronews, сите петмина настрадани биле членови на иста семејна фамилија.

Државната телевизија ТРТ објави дека меѓу загинатите е 43-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга и нивните тројца малолетни деца.

Гувернерот на Гебзе, Илхами Акташ, потврди дека спасувачите под урнатините го пронашле телото на 12-годишниот Мухамед Емир Билир, додека идентитетот на втората жртва сè уште не е официјално објавен. На местото на трагедијата ангажирани се стотици припадници на Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

— реклама —

Според државната агенција Анадолу, причината за уривањето сè уште не е утврдена. Сепак, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека можна причина може да биде изградбата на блиската метро-линија, која, според него, можеби ја нарушила стабилноста на земјиштето.

— реклама —

Несреќата се случила само неколку дена по земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, кој во понеделник ја погоди западна Турција. Во тој земјотрес беа урнати три згради и една двокатница во градот Синдрг‛и, но властите соопштија дека објектите биле ненаселени поради претходни оштетувања.

Иако во тие згради немало жртви, 22 лица биле повредени поради паника и падови за време на потресот, потврди губернаторот на Баликесир, Исмаил Устаоглу. Земјотресот бил регистриран во 22:48 часот по локално време, на длабочина од речиси шест километри, и бил почувствуван и во Истанбул и во околните покраини.

— реклама —

Експертите предупредуваат на непочитување на градежните стандарди

Стручњаците повторно апелираа до турските власти да ги засилат контролите и почитувањето на современите градежни прописи, предупредувајќи дека недисциплината во градбите претставува сериозен ризик.

Во јануари годинава, две лица загинаа при уривање на четирикатница во градот Коња, а сопствениците на дуќаните во приземјето се обвинети дека незаконски ги отстраниле потпорните столбови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylkiu2t5i8jt21ROPm4D

(Видео) Најмалку 150 приведени на протест во Истанбул поради апсењата на ЛГБТК+ активисти

Свет | пред 1 ден

— реклама —
brod1

Се судрија два турски брода кај Истанбул, трагаат по 10 члена на екипажот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvq2rlsmihu5036SAoAK

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан одржаа прв состанок во Истанбул на новиот одбранбен сојуз

Свет | пред 2 седмици

media-libraryt01un804g9469k4t9ol

Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод, убиени 14 пирати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања