Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Трамп цензуриран, од 90-минутно интервју, емитувани се само 28 минути на CBS

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tramp

Емисијата „60 минути“ на ЦБС (CBS) драстично го скрати интервјуто со Доналд Трамп, емитувано во неделата навечер, исфрлајќи клучни делови во кои поранешниот американски претседател се пофалил со паричната нагодба што ја добил од оваа медиумска куќа.

Од вкупно 90 минути разговор со новинарката Нора О’Донел, емитирани биле само околу 28 минути. Тоа беше неговото прво интервју за оваа емисија по пет години, пренесува Гардијан (The Guardian).

— реклама —

Уредувањето на интервјуто е особено значајно бидејќи точно пред една година Трамп ја тужеше телевизијата ЦБС поради, како што тврдеше, манипулативно монтирање на интервјуто со тогашната потпретседателка Камала Харис, со цел да ѝ се помогне на претседателските избори.

Иако правните експерти ја оценија тужбата како „неоснована“, ЦБС во јули постигна нагодба со Трамп во вредност од 16 милиони долари. Според договорот, мрежата се обврзала да објавува транскрипти од идните интервјуа со претседателски кандидати, а целосниот транскрипт и продолжената верзија на ова интервју се достапни на интернет.

— реклама —

Провокација што не беше емитувана

Во делот од интервјуто кој не беше прикажан на телевизија, Трамп ја провоцирал ЦБС поради нагодбата и ги повторил своите обвинувања.

— реклама —

„Всушност, ‘60 минути’ ми платија многу пари. И не мора ова да го објавите, бидејќи не сакам да ве посрамотам, а сигурен сум дека и нема да го направите. Но, ‘60 минути’ беа принудени да ми платат многу пари, затоа што го исфрлија нејзиниот одговор кој беше толку лош што ги промени изборите – две ноќи пред гласањето. Ставија нов одговор. И ми платија многу пари за тоа. Не можете да имате лажни вести. Треба да имате легитимни вести. И мислам дека тоа се случува,“ изјавил Трамп.

Цензурирани и други теми

Меѓу бројните исечени делови се нашле и неговите коментари за претседателските избори во 2020 година, за кои повторил дека биле „наместени и украдени“.

— реклама —

Во еден од неприкажаните сегменти, Трамп се обидел да ја натера О’Донел да признае дека стапката на криминал во Вашингтон, каде што таа живее, е во опаѓање.

Кога таа дала одговор што не му се допаднал, Трамп го нарекол „нечесен“ и потоа сугерирал дека тој дел од разговорот не мора да се емитува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 15 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 16 часа

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања