Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Трамп пристигна во Пекинг на средба со Си Џинпинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryd6rsnbv8h58vdg4UglV

Доналд Трамп денеска пристигна во Пекинг во државна посета на Кина, на покана од кинескиот претседател Си Џинпинг, јави кинеската агенција Синхуа.

Трамп ќе престојува во Кина од 13 до 15 мај, а ова е прва посета на американски претседател на земјата по речиси девет години. Воедно, ова е и втора посета на Трамп на Кина по ноември 2017 година.

— реклама —

Според кинеското Министерство за надворешни работи, двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, светскиот мир и економската соработка, како и за актуелните меѓународни прашања.

— реклама —

Во фокусот на разговорите ќе бидат трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг, војната со Иран, нуклеарното оружје и американската продажба на оружје на Тајван.

Истовремено, американскиот министер за финансии Скот Бесент започна разговори со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во Инчон за економски и трговски прашања.

— реклама —

Според Ројтерс, Вашингтон и Пекинг се обидуваат да го зачуваат трговскиот договор постигнат минатиот октомври, со кој беа суспендирани високите американски царини за кинеската стока и беа ублажени кинеските ограничувања за извоз на ретки минерали.

— реклама —

Последната средба меѓу Трамп и Си се одржа во октомври минатата година во Јужна Кореја, кога двете страни се согласија привремено да го замрзнат трговскиот конфликт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 1 ден

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања