Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Во нормална држава, пратеничката Дафина ќе беше веќе во затвор, вели Трендафилов нарекувајќи ја „монструм“ по снимката со неговите децата и службено возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Настани
media-libraryu12uhls9unu23Un5suI

Претседателот на ССМ, Слободант Трендафилов на денешната прес-конференција реагираше во врска со видеото кое пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ го сподели на социјалните мрежи во кое, според нејзините тврдења, претседателот наССМ ги вози своите две малолетни деца со службено возило на синдикатот.

„Ќе дозволите да зборувам за монструмите. Оние кои не се под детските кревети, оние кои седат во пратеничките клупи, кои ги гледате во кафичите, кои ги среќавате на улица, кои ги имате во партијата, кои снимаат малолетни деца. Монструмите не се само на телевизија монструмите се покрај сите нас. Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи, обвинителството, треба веднаш да преземат мерки против пратеничката Дафина Стојановска. Истата Дафина која некој ја познава како богаташка, која ми ги објави малолетните деца за да можат сите да ги оцрнуваат и на таков начин да ме уценуваат. Мислејќи дека ако ме следат мене, преку децата, ќе ми направат шета и ќе ме замолчат. Се случија големи катастрофи со деца. Не сакам да верувам дека целта и била тоа. Но нормален премиер, наместо да дава изјава дека ова е само почеток со заканите кон моите деца и кон моето семејство, ќе си даваше оставка или најмалку ќе ја разрешеше Дафина. Нормална влада во нормални држави за ваква работа паѓа. Во Собранието, го повикувам претседателот на Собранието, да поведе постапка за одземање на имунитетот на пратеничката за тоа што ќе се крие зад него во следните денови, кажа Трендафилов за објавеното видео од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

Трендафилов го праша министерот Панче Тошковски дали службите го следат него и неговите деца. Најави дека ќе ги извести сите амбасади во земјава и делегацијата на ЕУ, но и братските синдикати на Меѓународната и Европска конфедерација на синдикати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 3 седмици

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 1 месец

SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања