Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вучиќ и Орбан се сретнаа по изборните порази: „Ќе се вратиме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library8m804a9od6ce8yE6kLP

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ денеска во Белград го пречека поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Двајцата политичари годинава ја загубија власта на парламентарни избори, по 14 години на власт во Србија и 16 години во Унгарија, соодветно.

— реклама —

Вучиќ го угостил Орбан во куќата на своите родители во околината на Белград. Во видеоснимка објавена на Инстаграм, тој го нарекол свој голем пријател и брат, додавајќи дека изборните порази не им ги одзеле достоинството, гордоста и вербата.

— реклама —

„И двајцата неодамна загубивме на изборите, но не ги загубивме своето достоинство, гордоста ниту вербата. Добредојде, Викторе“, порача Вучиќ.

— реклама —

Орбан му возвратил дека вистинските пријатели стануваат уште поблиски во тешките моменти. Тој нагласил дека останува посветен на добрите односи меѓу Србија и Унгарија и на соработката меѓу двата народа.

„Можеш да бидеш сигурен, Александре, дека секогаш сум на твоја страна“, рекол Орбан, посакувајќи му успех на Вучиќ, на неговото семејство и на српскиот народ.

На крајот од средбата, Вучиќ порачал: „Ќе се вратиме!“, по што двајцата се прегрнале.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vucic-41421

Нов извештај на ЕУ за Србија: „Нема напредок, слободата на медиумите сè полоша“

Свет | пред 2 часа

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ негира дека планирал насилство во изборната ноќ: „Никој од странците не ми се јави“

Свет | пред 8 часа

media-library28rpao4rhrcg209zpss

Вучиќ порача дека останува посветен на борбата за Србија

Балкан | пред 23 часа

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ предупредува: „Ќе воведат санкции кон Русија, а ќе го поништат и она што го направивме во ОН“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања