Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хаос во Индија: 23 загинати во поплави, десетици илјади луѓе раселени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
poplava-holandija-700x471

Во Индија во поплавите и лизгањето на земјиштето загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 65.000 луѓе се раселени од своите домови, соопштија денеска властите.

Најпогодена е североисточната држава Трипура, каде континуираните обилни врнежи четири дена предизвикаа разорни поплави, објави Ројтерс.

— реклама —

На ТВ снимката се гледа како припадници на армијата помагаат во спасувањето на загрозеното население.

— реклама —

Локален претставник изјави дека од утринава повеќето реки се под критичното ниво бидејќи врнежите се намалени.

Тој додаде дека главната река Гомти, која исто така тече низ соседен Бангладеш, сепак го надминува критичното ниво.

— реклама —

Раселените се сместени во 450 кампови, а загрозени се околу 1,7 милиони луѓе. Нанесени се големи штети на инфраструктурата, посевите и добитокот.

Најголем број жртви беа предизвикани од лизгање на земјиштето, иако голем број луѓе ги загубија животите кога се урнаа куќичките од кал, а некои се удавија, изјави неименуван локален функционер.

Реката Гомти се излеа и во Бангладеш, каде беа поплавени 15 села, а стотици семејства беа раселени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymbr0603v839oeQjXQyG

(Видео) Хеликоптер со шест лица исчезна од радарот во Индија, се стравува дека се урнал во планина

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryfn04cig9gp76d9NbhHs

(Видео) Најмалку шест загинати во Индија по ударот на циклонот Арнаб

Свет | пред 3 дена

media-libraryqsthnblehgf51E2DxmH

Тежок удар за заштитата на гепардите во Индија: убиен 19-месечен гепард

Свет | пред 4 дена

media-librarym1ekmrkirjcc0QnWqFV

(Видео) Речиси 100.000 луѓе евакуирани во Индија поради силниот циклон Арнаб

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања