Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хаос во мексиканскиот Сенат: сенатори се степаа за време на седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
meksicki-senat

Седницата на Сенатот во Мексико заврши хаотично откако избувна физички судир меѓу сенаторите за време на расправата за можната американска воена интервенција во земјата.

— реклама —

Инцидентот се случи за време на интонирањето на државната химна, кога лидерот на опозициската партија ПРИ, сенатор Алехандро Морено, му пријде на претседателот на Сенатот, Герардо Фернандес Нороња од владејачката Морена, и го зграби за рака. Следуваше туркање и нагурнување, а во преносот во живо се гледа и како маж во костум се обидува да удри по Нороња, додека Морено урива на под човек во зелена кошула, член на тимот на Нороња. На прес-конференција овој соработник се појави со медицински оковратник и завои на раката.

Морено подоцна на социјалните мрежи тврдеше дека реагирал затоа што владејачката партија го сменила дневниот ред за да ја спречи опозицијата да зборува. „Кукавичлукот го предизвика она што се случи. Нека биде јасно: првата физичка агресија дојде од Нороња“, напиша тој.

— реклама —

— реклама —

Нороња, пак, ја обвини опозицијата за организиран напад: „Се здружија против мене. Ќе кажат дека тоа е слобода на говор“, изјави тој, додавајќи дека ќе поднесе кривична пријава против Морено бидејќи му се заканил со убиство. Нароња најави и барање за исклучување на Морено и останатите опозициски сенатори кои учествувале во инцидентот.

Ова е прв ваков жесток судир во мексиканскиот Конгрес по 2006 година, кога пратеници масовно се степаа пред инаугурацијата на претседателот Фелипе Калдерон по оспоруваните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhciodtgp1b8v2aDX0SV

(Видео) Ураган од четврта категорија се движи кон Мексико, ветрови до 225 км/ч

Свет | пред 2 седмици

media-libraryar8skv0b6hqa4wt3a3c

(Видео) Десет загинати и 16 повредени во бунт во затвор во Мексико

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања