Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Вјесник“ во Загреб уште гори - пожарникарите цела ноќ се обидуваат да го изгаснат пожарот што го зафати облакодерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarypqkun93musegeDkEOee
YouTube/Print Screen

Дека и утринава облакодерот „Вјесник“ во Загреб сè уште е зафатен од оган, потврдува големата интервенција што трае од синоќа, кога напуштената зграда на Славонска авенија беше зафатена од пожар малку пред полноќ.

— реклама —

Пламените јазици се проширија брзо по горните катови, а околу 7 часот утрово огнот сè уште не беше ставен под целосна контрола. На терен работат повеќе од 30 противпожарни возила и речиси стотина пожарникари, а на местото пристигнаа и засилувања од дополнителни единици.

Поради сложеноста на интервенцијата, затворени се делови од Славонска авенија и околните улици. Од противпожарната служба појаснуваат дека огнот се шири низ конструктивни отвори и празнини во објектот, што го отежнува пристапот. Пожарникарите морале да се повлечат од внатрешноста и гаснењето се изведува претежно однадвор.

— реклама —
— реклама —

Командантот Синиша Јембрих наведува дека материјалната штета ќе биде значителна: иако зградата не била во употреба, внатре имало стара опрема и документација.

„Пријавата стигна околу 23 часот, и интересно е што имавме само една пријава од граѓани, што е невообичаено за ваков обемен пожар“, изјави тој.

— реклама —

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а полицијата ќе изврши увид штом условите на терен го дозволат тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj3ec39p3d9o2ajaZcay

(Видео) Ужасни снимки од пожарот во Жданец: Пламенот се гледал од повеќе делови на Скопје

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
policiska-lenta

Трагедија во Жданец: Пронајдено тело на маж во целосно изгорена барака

Скопје | пред 2 дена

media-library7pefqp19h2oibxyVVul

(Видео) Возач на автобус со противпожарен апарат гасел запалени контејнери во Скопје

Скопје | пред 2 дена

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања