Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026–2030 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryqpv0aevt0m2aamP2eRC

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на проф. д-р Владата, Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

— реклама —

-Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со Светската здравствена организација, заеднички ја потпишавме нашата прва петгодишна Стратегија за соработка - документ кој е создаден заедно со сите институции и партнери и кој ќе ги насочи реформите во здравството до 2030 година. Стратегијата се фокусира на модернизација на примарната здравствена заштита, целосна дигитална трансформација, унапредување на здравствената заштита на мајките и децата, еколошкото здравје и климатската отпорност, согласно „зелената агенда“ на Владата. Исто така со оваа стратегија е опфатена и заштитата на ранливите групи, планирање на човечки ресурси во здравството, јавното здравје, здравствената безбедност и подобра подготвеност при кризни состојби. Стратегијата ни овозможува јасен план, партнерство и поддршка за заедничко реализирање на клучните реформи, посочи по потпишувањето министерот Алиу

— реклама —
— реклама —

Тој ја истакна одличната меѓусекторска соработка и поддршката од другите сектори. Оваа Стратегија го обединува целиот владин систем околу целите за здравје и благосостојба на населението.

— реклама —

-Посебно сакам да се заблагодарам на СЗО и на сите министерства и партнери за нивниот придонес. Со оваа Стратегија го поставуваме темелот за посилно, помодерно и поправедно здравство за сите граѓани. Сето ова е симболична потврда на силната политичка волја, националната посветеност, и партнерството меѓу Владата и СЗО за спроведување на клучните здравствени реформи, истакна Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhibeda9o8gapdlfxj9l

Клековски на состанок на СЗО: Македонија ќе инвестира во превенција и дигитализација на здравството

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Laboratorija

СЗО чека одговор од Русија: Дали лаборантката починала од белодробна чума?

Свет | пред 4 седмици

media-library5dqh2ke1d7t0bNS06Hy

СЗО со нови препораки: До 45 проценти од случаите на деменција може да се спречат

Свет | пред 3 месеци

toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран ја погоди Европа: СЗО алармира за раст на смртноста и преполнети болници

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања