Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат и ќе ја градат иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

„Пред 35 години не обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес не обединува љубовта кон Македонија.

— реклама —

Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат.

— реклама —

Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат.

Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина.

— реклама —

Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре.

Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас.

Нека е честит 8-ми Септември, денот на независноста“, стои во честитката од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhu5uv079hgb70UOwg3D

Мицкоски: За идентитетот, јазикот и културата нема компромиси

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarykis2d1a4f2vp7khLiJk

Сиљановска: „Оставија трага што не исчезнува“ – Петмина творци одликувани со Орден „8 Септември“ за придонесот кон македонската култура

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq6jvua2o5i7r239rT5u

(Видео) Мицкоски: Нашата национална амбиција во следните 35 години не смее да биде само да опстоиме, туку да успееме

Македонија | пред 1 месец

media-librarya7qmj9vmcdco2khuAsY

Во чест на 35 години независност: Сиљановска-Давкова им оддаде почит на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања