Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ: Гласаа против Безбеден град а сега бараат казни за тие со нерегистрирани возила и без возачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДС и Венко Филипче се со двојни аршини, ништо не се менува, се останува исто, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат.

Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.

— реклама —

Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.

А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.

— реклама —

Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.

— реклама —

Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.

И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

СДСМ го обвини Мицкоски: Со една реченица призна дека граѓаните со години пиеле неисправна вода

Македонија | пред 2 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски призна — две години ги труеле граѓаните на Гостивар

Македонија | пред 20 часа

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Водата е небезбедна во десетици населени места, бараат јавно објавување на сите анализи

Македонија | пред 1 ден

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ: Евростат и НБРМ ги демантираа тврдењата на Мицкоски за економскиот раст

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања