Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Судот во Струмица се прогласи ненадлежен за тужбата на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryec3ph4d3rgjqfYKpDh2

ВМРО-ДПМНЕ реагираше по одлуката на Основниот суд во Струмица да се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер Зоран Заев против пратеникот Бране Петрушевски, оценувајќи дека не успеал обидот за, како што велат, „замолчување“.

„Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок за лични цели“, соопштија од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека одлуката на судот покажува дека институциите постапуваат согласно законите, а не, како што тврдат, според влијанија на поединци.

Во реакцијата се посочува дека Заев, со поднесувањето на тужбата во Струмица, очекувал поволен исход, оценувајќи дека „струмичките институции ги сметал за свој пашалак“.

— реклама —

„Ослободени од стегите, правосудните органи одлучуваат согласно законите, а не според нарачките и желбите на поединци“, додаваат од партијата.

— реклама —

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека „владеење на правото и правна држава ќе има“ и дека секој кој постапувал спротивно на закон ќе сноси одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 1 месец

media-library003b8vn3leib0la7zIk

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања