Промени тема
Контакт

Во Австралија младите можат да останат без социјални мрежи, ова донесе бунт од „Мета“ и „Х“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
aplikacii-telefon

Мета ја обвини австралиската влада дека брза да ги забрани лицата под 16 години од социјалните мрежи без соодветно да ги земе предвид гласовите на младите луѓе.

Досега, повеќето компании за социјални медиуми рекоа дека ќе ја почитуваат забраната, но тие изразија сомневање за тоа како таа ќе се спроведе и загриженост за нејзиното потенцијално влијание.

— реклама —

„Загрижени сме за процесот што го забрза законодавството, кое не ги разгледа соодветно доказите, она што индустријата веќе го прави за да обезбеди искуства соодветни на возраста и гласовите на младите луѓе“, рече портпаролот на Мета.

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, ја критикуваше забраната и рече дека тоа е „задкулисниот начин на контролирање на пристапот до Интернет на сите Австралијци“.

— реклама —

Австралискиот министер за вработување, Мареј Ват, изјави денеска дека социјалните мрежи треба сериозно да ја сфатат забраната и да сфатат дека имаат „интерес да го зачуваат својот углед и нивната социјална лиценца“.

— реклама —

Во четвртокот, австралискиот Сенат го одобри законот со кој им забранува на лицата помлади од 16 години да користат социјални мрежи.

Австралиските политичари кои го поддржаа првиот ваков закон во светот велат дека е неопходно да се осигура дека друга генерација тинејџери нема да доживее „толку многу штетна содржина“ во годините што доаѓаат.

— реклама —

Политичарите кои не го поддржаа едногласно, го нарекоа „решение од 1970 година за проблемот од 2024 година“, додека групите за права и застапниците за ментално здравје предупредија дека тоа може да ги маргинализира младите Австралијци.

Од Комисијата за човекови права, пак, предупредуваат дека законот може да ги наруши правата на младите и да ја намали нивната способност за учество во општеството. Инаку, ваква иницијатива беше покрената во Европската унија, па останува да се види дали нешто слично може да се случи на тлото на Стариот континент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygal299kgmbs391sF2Ow

(Видео) Австралија преплавена со молци: Она што изгледа како инвазија всушност е охрабрувачки знак

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Мајка во Австралија со нож ги нападнала децата во автомобил, починало петгодишно момче

Свет | пред 1 седмица

media-librarypiitdqq7ifci7cwo7aA

Трагедија во Австралија: Дете пронајдено мртво во автомобил, две деца и жена во критична состојба

Свет | пред 2 седмици

media-librarydemtnjl35n3j5M4Zl4G

(Видео) Човек во костим на Бетмен се искачи на Сиднејската опера

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања