Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Италија: Албанец отишол да изврши грабеж, загинал на ограда поставена поради диви свињи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryiv0f8pu2p1j30R1vjQq
unsplash / Sean Foster

Четириесет и шестгодишен маж од албанско потекло починал синоќа околу 22 часот за време на обид за провала во вила во околината на Арецо, во централна Италија.

— реклама —

Според информациите објавени од италијанските медиуми, инцидентот се случил додека тој, заедно со уште две лица кои сѐ уште се во бегство, се обидувал да избега од имотот. Неговото тело било пронајдено во лозје во близина на куќата. Увид на местото извршиле надлежните обвинители и припадници на карабинерите, повикани од сопственикот на имотот.

— реклама —

До инцидентот дошло откако се активирал алармот на објектот. Шурата на сопственикот на една од куќите, пензиониран адвокат, испукал предупредувачки истрел во воздух со цел да ги оттурне провалниците.

— реклама —

Во обидот за бегство, починатиот се заплеткал во зашилена и електрифицирана заштитна ограда, поставена претходно за одбрана од диви животни. Во тој регион често има проблеми со диви свињи и волци. Иако успеал да направи уште неколку чекори, набргу паднал, додека неговите соучесници го напуштиле местото и побегнале.

— реклама —

Наредена е обдукција која треба да утврди дали смртта настапила поради пукање на бедрената артерија или како последица на други повреди здобиени при падот. Карабинерите и утрово, и покрај обилните врнежи од дожд, се вратиле на местото на настанот за дополнителни истражни дејствија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

italija

Италија дава куќи бесплатно на 10 години: И Македонците можат да добијат дом без кирија

Свет | пред 3 часа

— реклама —
dzordza-meloni

Мелони предупредува на ширење хаос по заканите со бомби во 6.300 училишта

Свет | пред 4 дена

media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 4 дена

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања