Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Македонија 31 пожар за едно деноноќие – два сѐ уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryp7gaduiomondeWRp1zE

До утрово, 19 септември 2025 година, во 07:00 часот, на територијата на Република Македонија се евидентирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, два се сѐ уште активни, два се ставени под контрола, додека 27 се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни пожари има во општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче (место викано Муратица), каде што гори нискостеблеста шума, како и во општина Гевгелија, на Кожуф планина, во близина на селото Петрово, каде е зафатена букова шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите на депонијата „Дрисла“ во општина Студеничани и на депонијата „Острец“ во Делчево, каде што гореше отпад.

— реклама —

Истовремено, во изминатите 24 часа целосно се изгаснати 27 пожари на различни локации низ државата – меѓу кои во Трубарево, Вражале, Љуботен, Глуво, Кадино, Лажец, Дабиле, Старо Балдовци, Долна Белица, Рајчица, Другово, Ореовец, Абланица, Подлог, Лезово, Пуковско и Никуштак. Гореле стрништа, ниска вегетација, грмушки, како и отпад на повеќе диви и градски депонии.

— реклама —

Надлежните апелираат за претпазливост и воздржување од активности кои можат да предизвикаат нови пожари, особено во услови на високи температури и суво време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања