Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во македонските затвори се магистрира и дипломира криминал, вели адвокатот Пешевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
pesevski

Адвокатот Драга Стари Пешевски со став дека затворскиот систем во Македонија треба да се насочи кон вистинска ресоцијализација на осудените лица, наместо казнувањето да се сведе само на изолација и издржување затворска казна.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, тој посочува дека јавноста често бара високи затворски казни, но ретко се отвора прашањето дали затворските установи навистина ја исполнуваат својата основна цел – спречување на повторно вршење кривични дела преку ресоцијализација.

— реклама —
— реклама —

Според него, затворите во Македонија се места во кои, наместо осудените да се подготвуваат за враќање во општеството, тие често дополнително се вовлекуваат во криминалот. Иако признава дека условите и средствата во затворските установи се ограничени, Пешевски смета дека државата мора посериозно да се посвети на ова прашање.

— реклама —

Како едно од можните решенија, тој предлага затворениците да добиваат можност за работа за време на издржувањето на казната, со соодветен надоместок, со цел по излегувањето да имаат работни навики и подобра основа за повторно вклучување во општеството.

media-libraryd9tthb77pon2bEpX8jE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library33vuankf6c9tfvOOeVR

Адвокатот Пешевски по апсењето на МВР во Галичник: „Во шатор далеку од цивилизација ќе продавале дрога?“

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryf59j7aukvsl92PODmKM

Пешевски најави голем генерален штрајк

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања