Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Во март регистрирани речиси 74.000 туристи во Македонија, Германците најбројни туристи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8l81oju9nolf7ueuaxz
Скопје1.мк

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март годинава во земјава биле регистрирани 73.921 туристи, кои оствариле вкупно 134.233 ноќевања.

— реклама —

Од вкупниот број туристи, 19,7 проценти биле домашни, а 80,3 проценти странски гости. Кај ноќевањата, 26,5 проценти ги оствариле домашните туристи, додека 73,5 проценти странските.

— реклама —

Според статистиката, најголем број странски туристи во март дошле од Германија – вкупно 9.645 посетители. Зад нив следуваат туристите од Турција со 9.090 гости, потоа Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 5,2 проценти во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи е забележан раст од 1,3 проценти, додека кај странските 6,9 проценти.

— реклама —

Истовремено, вкупниот број ноќевања бележи благ пад од 0,3 проценти. Кај домашните туристи има намалување од 1,2 проценти, додека кај странските е регистриран минимален раст од 0,2 проценти.

Податоците покажуваат дека туристичкиот сектор и натаму во голема мера зависи од странските посетители, но и дека престојот на туристите не расте со исто темпо како бројот на пристигнувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 1 седмица

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања