Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во последните 24 часа регистрирани 26 пожари, два сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA
Илустрација

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во периодот од 31 август до 1 септември до 7:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, 20 се изгаснати, четири се ставени под контрола, а два пожара и натаму се активни.

— реклама —

Активни се пожарите во Општина Сарај, на потегот меѓу селата Копаница и Радуша, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Штип, на просторот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што е зафатена ниска вегетација.

— реклама —
— реклама —

Под контрола се пожарите кај селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, на градската депонија Острец во Делчево, во село Драгов Дол во Македонски Брод и над село Палиград во Општина Зелениково.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати пожари и на повеќе локации во Гази Баба, Врапчиште, Кичево, Ресен, Прилеп, Долнени, Струга, Чашка, Ново Село, Старо Нагоричане, Боговиње, Желино, Кавадарци и Свети Николе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања