Промени тема
Контакт

Во Тетово одржана панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка“ – наставниците се срцето на образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library5r8p21nm9d036JNHYpt

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, денеска во Тетово се одржа третата панел-дискусија под наслов „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“.

Настанот ја отвори темата за тоа како се менувал образовниот систем низ генерациите, што денес значи успех, и која е улогата на наставникот во време кога технологијата може да објасни сè, но не секогаш да инспирира.

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, нагласи дека магијата на наставничката професија е во човечноста, допирот и разбирањето, кои ниту еден уред не може да ги замени. „Во минатото учењето беше трпеливо запишување и помнење, а денес тоа е анализа, селекција и создавање нови идеи. Но и тогаш и сега, вистинската магија ја создава наставникот, кој љубопитноста ја претвора во знаење“, рече министерката, додавајќи дека учителот не носи наметка, но создава магија – магијата на учењето што ја менува иднината.

— реклама —

Милка Тримчевска, директорка на Биро за развој на образованието, истакна дека секој ученички успех започнува со наставникот, а Бирото е тука да ја поддржи таа магија преку континуирана обука и менторство.

— реклама —

На панелот учествуваа и Даниела Апостоловска од ООУ „Братство – Миѓени“, Сихана Каба Касами од ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими, професор во ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово. Тие преку лични искуства направија паралела меѓу времето кога учењето се одвивало со книги и денешното време на дигитализација, заклучувајќи дека технологијата може да помогне, но само човекот може да инспирира.

Панел-дискусијата потсети дека вистинската магија на образованието не е во брзината на пристап до информација, туку во разбирањето и примената на знаењето. Наставниците, и покрај сите промени, остануваат срцето на системот што ја претвора љубопитноста во мудрост, а „петката“ во нешто многу повеќе од бројка.

— реклама —

Кампањата „Магијата е во знаењето“ има за цел да ги афирмира наставниците како креатори на промени и двигатели на општествениот напредок, потсетувајќи дека секое знаење започнува со искра инспирација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9unevo1tj5s4SAL6Kq

Мајка на две деца со аутизам: „Седам со нив на училиште бидејќи немаат образовни асистенти - не барам привилегија, туку да се рамноправни!“

Коментари | пред 4 дена

— реклама —
media-library6urum74kfps0eJ5qOvU

Охридскиот студентски дом под клуч, проверки во пет универзитети, 18 институти се затворени поради незаконско работење, рече Јанева

Македонија | пред 2 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Платите во образованието од денес се зголемуваат за 7,5%

Македонија | пред 5 месеци

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Шангајска листа или „Шиндлерова“? Полесно е да се смени законот отколку да се спроведе

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања