Промени тема
Контакт

Вонредна информација од ЦУК: Поплави во Охрид и Кичево, одрони на повеќе патни правци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
sneg-3

Според вонредната информација на Центарот за управување со кризи, заклучно до 17:00 часот, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Македонија е стабилна и без нарушување на редовното функционирање, и покрај обилните врнежи што ја зафатија земјата.

Во Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово не е регистрирано излевање на реки, ниту се евидентирани последици од врнежите, а надлежните општински служби континуирано ја следат состојбата. И во Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Штип не се пријавени поплави или одрони, при што состојбата се оценува како стабилна и под контрола.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пријавите од граѓаните.

Во Кичево се евидентирани поплави на повеќе стамбени објекти на улицата „Прилепска“, при што е започната евакуација на жители. На терен интервенираат екипи на Општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби.

— реклама —

По пријава преку бројот за итни повици 112, во Струга е регистриран поголем одрон на патниот правец меѓу селата Татеши и Мислодежда. За настанот е известено Јавното претпријатие „Македонија пат“, кое презема активности за санација.

Во тетовско и гостиварско регистрирани се одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, поради што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања. Пријавени се и излевања на реката Вардар во селото Балин Дол, Лукавичка Река во Мало Турчане и Сушичка Река во Горно Бањице, при што е поплавено земјоделско земјиште и дел од дворови. За состојбата се известени Општина Гостивар, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈКП „Комуналец“, Полициската станица Гостивар, како и ХЕЦ „Маврово“, каде е извршено намалување на производството на електрична енергија.

— реклама —

Во Општина Боговиње, поради излевање на вода надвор од постоечките канали, поплавено е обработливо земјиште, при што директорот на ЈКП „Шари“ е на терен и ја координира интервенцијата со надлежните институции.

Во Битола и Ресен, одронот кај селото Сирхан е саниран, додека во селото Дрмени се поплавени два двора, за што се известени Општина Ресен и надлежните служби на Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Од Центарот за управување со кризи информираат дека врнежите продолжуваат и дека состојбата на теренот и водостоите на реките се следат континуирано од сите надлежни институции.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања