Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Воведени итни мерки поради екстремно загадување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
zagadeno-skopje

Министерството за животна средина и просторно планирање воведе низа мерки за скопските населби Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче откако мерните станици регистрирале зголемено загадување на воздухот.

„Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 милиграми на кубен метар во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат“, соопшти Министерството.

— реклама —

Според објавените мерки, им се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работните обврски бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Министерството бара да се засилат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола и на инсталациите со Б-Интегрирана еколошка дозвола и Елаборати, а инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап до измерените податоци.

— реклама —

„Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила и вонредните контроли на градилиштата, а се забранува горење на отворено“, соопшти Министерството за животна средина.

Исто така, им се препорачува на сите работодавци да го реорганизираат работното време, а лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zagaden-vozduh

Италија со највисоко загадување со PM2.5 честички во Европа

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryg7q39tjcsj6d2pHFpjB

Бетон што дише смог: карбонизацијата кај Ректоратот открива колку е загадено Скопје, процес кој трае 100 години, се случил за 10

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

Граѓански марш пред Владата во сабота поради загадениот воздух

Скопје | пред 4 месеци

46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Или ќе излеземе сите, или ќе не снема еден по еден“: „Стоп за Усје“ повторно на протест

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања