„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Возачот Љури кој го усмрти Југо се обидува да ја намали казната преку психијатриско вештачење на партнерката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryet52r2mb9kgr0BOYVCV

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи постапката против 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата.

Јавната обвинителка побара од Судот да ги одбие доказите што ги предложи одбраната, нагласувајќи дека тие не се релевантни за определување на санкцијата. Таа истакна дека личните и семејните прилики на обвинетиот не се спорни, но не можат да влијаат врз утврдувањето на тежината на делото, ниту врз фактичката состојба која е веќе јасно утврдена по неговото признание на вина.

— реклама —

Според обвинителството, психијатриското вештачење за партнерката на обвинетиот е ирелевантно, а дополнителното сообраќајно вештачење се обидува да сугерира поинакви околности од веќе утврдените.

— реклама —

Адвокатот Гоце Ристески, бранител на Љури, истакна дека доказите се поднесени исклучиво за да влијаат на висината на казната и дека се однесуваат на одговорноста, семејните и имотно-правните прилики на обвинетиот.

— реклама —

По расправата, Судот делумно го прифати барањето на обвинителството: дел од доказите на одбраната беа прифатени, а други – меѓу кои и техничкиот извештај – одбиени. Судот ќе се произнесе за нивната важност во пресудата.

Пред Судот сведочеше и сопругата на починатиот, Јасминка Николовска, која опиша дека трагедијата оставила тешки последици врз семејството, особено поради фактот дека истиот ден кога се случила несреќата дознале дека нивната ќерка е бремена.

По рочиштето, изјава даде и ќерката на Николовски, Маја Бошковска, која порача дека семејството очекува најстрога санкција за, како што рече, „безобѕирното и опасно управување“.

Фатон Љури е обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице.

Судењето продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

motor-soobrakajka

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на Југо на пешачка патека, возачот кој немал возачка ќе прави вештачење

Македонија | пред 6 месеци

jugo

Обвинение за возачот на моторот кој го усмрти Југо на пешачката патека на Вардар: Го прегазил и избегал, го оставил и сопатникот

Скопје | пред 8 месеци

2

За Јордан Ѓоргиев и Васил Јованов – притвори. За Љури кој го прегази Југо? Се чека одговор на жалбата, па ќе следува одлука

Македонија | пред 9 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Возачот кој го усмрти Југо на кеј бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања