Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВРЕДИ бара поголема автономија и фискална децентрализација за општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Од коалицијата ВРЕДИ велат дека децентрализацијата има централно место во нивната политичка програма и дека локалната власт треба да добие поголема автономија, финансиска независност и пошироки надлежности.

— реклама —

„За нас, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие – во општината, маалото, училиштето и услугите што ги добива“, соопштија од ВРЕДИ.

Од коалицијата нагласуваат дека се залагаат за фискална децентрализација, локален економски развој и поинтензивна прекугранична соработка меѓу општините.

— реклама —

Како пример за оваа визија го посочуваат проектот Тетово–Призрен, за кој велат дека ќе ја зајакне инфраструктурната, економската и развојната поврзаност меѓу граѓаните од двете страни на границата.

— реклама —

„Општините треба да имаат јасни надлежности, средства и право самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети“, велат од ВРЕДИ.

Во соопштението упатија и критики кон политичките противници, обвинувајќи ги дека во минатото ја занемарувале децентрализацијата и оставиле општини „без развој и без нормални услуги за граѓаните“.

— реклама —

Според ВРЕДИ, локалната власт треба да биде „носител на развојот“, а не „политички плен“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ВРЕДИ отвори прашања за Алта банка: Какви врски има семејниот круг на Ахмети со српската банка?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

„Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами претставува скандал и отворено исмевање на државните институции“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 седмица

krediti-za-skoluvanje-denari-1

ВРЕДИ ги спореди платите со претходната власт: просечната плата за две години пораснала за 7.538 денари

Македонија | пред 3 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

„Народот едвај врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат на маса над 335 илјади евра“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања