Промени тема
Контакт

ВРЕДИ: ДУИ повторно се обидува политички да профитира преку студентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Коалицијата ВРЕДИ упати критики кон Демократска унија за интеграција, обвинувајќи ја дека преку студентските прашања повторно се обидува да оствари политички поени и да манипулира со јавноста.

Од ВРЕДИ велат дека ДУИ во изминатиот период имала повеќе неуспешни политички иницијативи, почнувајќи од протестите и шаторите на плоштадите за, како што наведуваат, „наводна заштита на албанскиот јазик“, па сè до обидите за интернационализација на прашањето и најавите за референдум.

Според коалицијата, и обидот за политичко делување преку студентските протести завршил без успех.

— реклама —

„Протестот заврши, а маските повторно паднаа. Можат да викаат колку сакаат, но вистината е една“, соопштија од ВРЕДИ.

Од коалицијата посочуваат дека студентите барале можност правосудниот испит да се полага и на албански јазик, нешто што, според нив, досега не било овозможено. ВРЕДИ најави дека решението нема да се однесува само на правосудниот испит, туку и на сите професионални испити.

— реклама —

„Сите професионални испити ќе може да се полагаат и на албански јазик“, наведуваат од коалицијата.

— реклама —

Во реакцијата се споменуваат и други прашања за кои ВЛЕН тврди дека биле решени по нивното доаѓање на власт, меѓу кои професионалните медицински испити, статусот на воспитувачките во градинките, прашањето со Медресата и процесот за дислокација на казината.

Од коалицијата оценуваат дека ДУИ две децении оставала нерешени проблеми, додека тие, како што велат, работат на нивно системско решавање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ: „Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните за нив значи уште една шлаканица“

Македонија | пред 3 дена

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: Груби е „црната кутија“ на ДУИ, од неговото сведочење може да зависи кој ќе понесе одговорност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ДУИ и ВРЕДИ во нов судир: Обвинувања за „српскиот свет“ и Охридскиот договор

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu8087700hr7g3qIJCPa

ВРЕДИ се пофали со првиот потег на Шасивари – двојазично име на Фејсбук-страницата на Министерството за правда

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања