Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Времето истекува: Трамп бара отворање на Ормускиот теснец до вторник вечер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ја разјасни временската рамка што ѝ ја постави на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец, нагласувајќи дека рокот истекува во вторник во 20:00 часот по источноамериканско време, што одговара на 2:00 часот по наше време.

— реклама —

„Вторник, 20:00 часот по источноамериканско време!“, напиша Трамп во новата објава на социјалните мрежи. Тој претходно се закани дека доколку Иран не го отвори клучниот пловен пат до тогаш, САД ќе ја гаѓаат критичната инфраструктура во земјата.

— реклама —

Во дополнителната реторика, Трамп посочи дека утре би можел да биде „ден на електрани и мостови“, алудирајќи на потенцијални напади врз енергетската и сообраќајната инфраструктура на Иран.

Ова е најновата од серијата закани што американскиот претседател му ги упатува на Техеран откако САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран, по што Техеран практично го затвори Ормускиот теснец.

— реклама —

И покрај острата реторика, Трамп истовремено остави можност за постигнување договор. Во разговор за Fox News, тој рече дека постои „добра шанса“ Иран да постигне договор веќе до утре и додаде дека Техеран „во моментов преговара“.

Ормускиот теснец е една од најважните светски поморски рути, низ која минува околу една петтина од глобалната трговија со нафта, а неговата блокада предизвикува сериозни нарушувања на енергетските пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања