Промени тема
Контакт

„Времето за мене застана кога ти си замина, децата што предвреме станаа возрасни, го чуваат твојот спомен“, вели таткото на Филип една година по трагедијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
media-library7u7suong95an5qVXRcO

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Една година по трагедијата во Кочани, таткото на Филип Ивановски, Дејан, сподели емотивна и искрена порака на социјалните мрежи.

Синче,

Помина една година откако за последен пат се видовме на овој свет. Не знам многу ли е, малку ли е една година. Немам претстава за време бидејќи времето за мене застана кога ти си замина.

Оваа писмо адресирано до тебе ќе го посветам на твоите другари,пријатели,другарки. На децата што прерано станаа возрасни и многу млади ја видоа темната, лошата страна на животот.

Не требаше така.

Да бидам искрен со тебе, порано мислев дека вистинското другарство во ова денешно време не постои. Не било така. Постои, го гледам скоро секој ден откако ти замина.

После таа кобна ноќ на штипските улици излегоа многу млади, твоите другари, со расплакани лица, збунети. Излегоа да побараат безбедност, сигурност , подобро општество.

Возрасни немаше, или многу малку… гледавме од страна…

Децата бестрашни!

Првите денови поминаа во целосен шок и неверување.

Ден по ден почнавме со мајка ти да се зближуваме со твоите другари. Преку нив бев поблизу до тебе, слушајќи многу случки, настани кои сте ги минувале заедно. Сигурен сум дека преку мене и тие беа поблизу до тебе.

Научив многу за тебе , научив нешта што не сум ги знаел а можеби и не сум ги согледувал.

Филип,ти си бил вистински другар.

Да, тие повеќе покажуваа иницијатива да се среќаваме, да дојдат на гости, да отидеме на кафе.

Некогаш се случуваше и да не можам да издржам па мораше тие средби да се кратки. Се извинувам и на тебе и на нив.

И да ти кажам, немаше ден а да нема некој ,таму доле, да запали свеќа… и сега после една година.

А запознав и многу деца што не ги знаев лично туку само по имиња од разговорите со тебе.

Многу деца, си бил другар , пријател со многу деца освен твоето друштво. Запознав многу од школо, тренинзи, дружби по град…

Знаев да прашам:

- беше ли Филип добар дечко и другар?

Одговорот:

-Фичо беше многу повеќе од тоа!

Горд сум на тебе Филипче

И децата од твојот клас тагуваат за тебе. Еднаш се сретнав со твоја професорка и ми кажа : тивки ни се часовите без Филип, тивко е.

Понекогаш знам да завртам еден круг со колата пред школото, моето и твоето средно, ама кога е час, да не ме види некој.

И сега после една година ништо не е сменето кај нив во желбата да го чуваат споменот за тебе. Нема настан да не те споменат, нема средба а да не се збори за тебе.

Филипче биди горд на своите другари.

Посакувам секој еден од нив многу да учи и да се развива за да еден ден кога вистински ќе станат возрасни луѓе да работат за општеството да биде подобро, да се борат за правда, подобро образование, подобро здравство, поголема безбедност и нема да ја повторат грешката на мојата генерација.

Децата што предвреме станаа возрасни со лузна, само заради немарноста, алчноста и некомпетентноста на возрасните.

Простете дечки, прости ми Филипче.

BFF

Те сакам“, напиша тој.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 4 часа

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 6 дена

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања