Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Холандија ја декласира Шведска и се искачи на врвот во групата Ф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarygo8egdfgskqm0gTl7iu

Фудбалската репрезентација на Холандија забележа убедлива победа од 5:1 против Шведска во натпреварот од второто коло во групата Ф на Светското првенство во фудбал.

Холанѓаните доминираа во текот на целиот натпревар, а најзаслужни за триумфот беа Брајан Броби и Коди Гакпо, кои постигнаа по два гола. Конечните 5:1 ги постави Крисенсио Самервил во самиот финиш на средбата, додека единствениот гол за Шведска беше дело на Ентони Еланга.

— реклама —

Холандија поведе уште во петтата минута преку Броби, кој повторно се запиша во листата на стрелците и во 17. минута за водство од 2:0.

Швеѓаните се обидоа да се вратат во натпреварот, но не успеаја да го совладаат расположениот голман Барт Вербруген. Пред крајот на првото полувреме, Шведска постигна гол преку Самуел Лагербјелке, но погодокот беше поништен поради офсајд.

— реклама —

Во второто полувреме Холанѓаните продолжија со доминацијата. Гакпо постигна два гола во 48. и 54. минута, зголемувајќи го резултатот на 4:0. Еланга намали на 4:1 во 59. минута, но Самервил во 89. минута ги постави конечните 5:1.

— реклама —

Со оваа победа Холандија го презеде првото место во групата Ф, пред дуелот меѓу Јапонија и Тунис, кој е закажан за утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2v5f45mcc5eu6bhieYf

Мбапе по разочарувањето на Светското првенство: Тоа боли и ќе боли уште долго

Спорт | пред 1 седмица

media-librarydhp6jhv0onma4sepMMP

Шпанија ја совлада Франција и се пласира во финалето на Светското првенство

Спорт | пред 2 седмици

media-librarymqhtf5bfn42r2u0hrNR

Како Светското првенство предизвика егзистенцијална криза кај генерацијата Z

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryrucr3u0d2ipj5SR1uD4

Шпанија ја совлада Белгија и се пласира во полуфиналето на Светското првенство

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања