Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„За две години обезбедивме 350 милиони евра за развој на општините“, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryeeoapaan6f993cF3GyZ

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата во изминатите две години обезбедила 350 милиони евра за развојни и инфраструктурни проекти во општините, оценувајќи дека ваква поддршка за локалната самоуправа досега немало.

— реклама —

На средба во ЗЕЛС со градоначалници и претставници на Светска банка, Николоски посочи дека преку проектот за изградба и рехабилитација на локални улици, кој се реализира во соработка со Светска банка, во периодот од јуни 2024 до јуни 2026 година се инвестирани над 25 милиони евра.

— реклама —

Според него, досега се реконструирани 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, додека дополнителни 31 километар се во фаза на изградба и реконструкција.

— реклама —

„Ова јасно покажува дека Владата е силно посветена на урбаниот развој на општините и подобрувањето на условите за живот на граѓаните. Со поддршка од Светска банка и преку владините програми продолжуваме со реализација на капитални проекти низ целата држава“, истакна Николоски.

— реклама —

Тој додаде дека соработката со Светска банка е одлична и дека целта е да се реализираат уште повеќе проекти кои ќе придонесат за развој на локалната инфраструктура и подобри услуги за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања