Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За ефикасен прогон на возачи при сообраќајка, издадени нови насоки до МВР, кои Обвинителството ги објави и јавно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-pance-2

Имајќи ги предвид статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи кои укажуваат на зачестеност на прекршочните и кривичните дела од областа на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје одржа координативен состанок со полициските служби од СВР Скопје на кои им издаде конкретни насоки за поефикасно постапување при ситуации на загрозување на безбедноста во сообраќајот, а во кои настапиле последици кои содржат обележје на кривично дело.

– Насоките налагаат задолжително итно постапување во ситуации кога при сообраќајна несреќа кај возачот/возачите е констатирано управување со возило без возачка дозвола (воопшто не е издадена), поминување на вклучено црвено светло на семафор, очигледна прекумерна брзина, состојба на пијанство, возење во спротивна насока, како и преминување на двојна полна линија. Итна постапка ќе се води и во ситуации каде возачот го напуштил местото на несреќата и не укажал помош на повредени пешаци или други лица. Итното постапување на полициските служби во вакви ситуации ќе му овозможи на јавниот обвинител да изврши проценка дали и со какви мерки треба да го обезбеди сторителот во текот на кривичната постапка и да ги заштити граѓаните од евентуално повторување на неговите дејствија.

— реклама —

– Како доказ во прилог на кривичните пријави за вакви дела задолжително да се доставува до јавното обвинителство и целосна прекршочна и кривична евиденција за осомничениот, која треба да ги содржи сите поднесени прекршочни и кривични пријави и сите издадени платни налози за лицето.

– Во поглед на итност и построго казнување особено да се има предвид дали лицата се повеќе пати застанувани и казнувани за исти прекршоци.

— реклама —

– Кривичните пријави да содржат колку што е можно попрецизни, детални и точни податоци за сведоци, пријавени и оштетени со телефонски броеви и адреси од лични карти, но и моментални адреси на престојување.

– Со особено внимание да се обезбедуваат докази и да се фотодокументираат сообраќајните знаци кои се во важност на локацијата каде се случила сообраќајна несреќа.

Со овие насоки, дадени во рамките на раководната улога на јавниот обвинител во предистражната постапка, се прецизираат дел од веќе постојните дејствија на службите за обезбедување докази за кривични дела против безбедноста во сообраќајот.

Целта на насоките е да се овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на вакви дела, а со тоа да се делува и превентивно пред се против зачестеното безобзирно управување со моторни возила со кое се загрозува безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Соопштение на Основното јавно обвинителство-Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library05epqo937lciaoUhJ5G

Калајџиев смета дека предметот за Груби е политички монтиран: се прошири листата на предмети за ревидирање од Савески

Коментари | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryght3lrcq3va39IqXFD1

Нов анти-СЛАПП закон: Казна до 20.000 евра за злонамерни тужби

Свет | пред 2 месеци

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 2 месеци

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања