Промени тема
Контакт

За евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток, подготвени се 60 милиони денари за трошење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library74bs01udvqn79mODa0S

Безбедноста на македонските граѓани е највисок приоритет на Владата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, информирајќи дека се преземаат конкретни чекори за евакуација на државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток.

— реклама —

Како што наведуваат од Министерството, согласно заклучок на Владата е започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација.

— реклама —
— реклама —

Поради итноста и променливата безбедносна состојба, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки со примена на скратени рокови.

За реализација на услугата се предвидени средства до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството појаснуваат дека, во зависност од бројот на пријавени македонски државјани и бројот на реализирани чартер-летови, можно е да биде искористен само дел од предвидените средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги осуди нападите на Хутите врз аеродромите во Саудиска Арабија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

МНР: Претставник на македонската делегација бил присутен на говорот на Нетанјаху

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли наводите на ЦГК: Евакуацијата од Блискиот Исток беше законска и во интерес на граѓаните

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања