Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Зајкова: Со укинување банкарски провизии граѓаните ќе заштедат до 3.000 денари месечно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

„Ние овој закон за банкарски трошоци го доставувавме и во времето кога седевме во влада и го лобиравме законот внатре со тогашниот заменик министер за финансии и се дискутираше во рамки на пратеничката група во која ние пак бевме тогаш независни пратеници и пробувавме да им објасниме дека не е возможно. Тогаш беше и КОВИД пандемијата, а најголеми профитери беа банките. Пробавме да им објасниме дека со кратење на одредени трошоци и со укинување на одредени провизии, согласно европски практики да им доближиме, дека навистина доста солидна сума можеби до 2-3.000 денари месечно граѓаните ќе зачувуваат во своите џебови. Тоа не е малку“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во гостување на поткастот Основано Сомнение со Јанаки Митровски на а1он.

Зајкова додава дека предлог законот за банкарски трошоци тогаш воопшто не се дискутирал и останал некаде во лавиринтите. Во овој собраниски мандат, предлогот за трошоците Зајкова го доставила повторно, на што потоа се приклучува и пратеникот Димитар Апасиев, но мнозинството не гласа ништо и тој закон паѓа од точка на дневен ред.

— реклама —

„Затоа често пати во дебати ги прашувам дали јасно ќе се изјаснат еднаш дека се за профитите на банките или се за џебовите на луѓето. Затоа што мене вака ми изгледа дека го бранат профитот на банките. Излезе гувернерот и ЛДП го поздрави неговото излегување да побара од банките да намалат одредени провизии. Меѓутоа гувернерот е сега и неговото мислење е тоа. Утре можеби ќе се промени гувернерот и не е целта тоа, мора да има одредена правна регулатива“, децидна е претседателката Зајкова.

— реклама —

Како добри примери таа ги посочува Германија и Белгија, која има политика на унифициран банкарски систем и за подигнување средства од било кој банкомат нема провизија, освен ако не се подигнува готовина со странска картичка. Според Зајкова, во Франција може до три пати да подигнувате средства од различни банкомати без провизија, а после тоа провизијата изнесува околу 0,50 центи до 1 евро.

— реклама —

„Не може Македонија да има толкави провизии и трошоци. Па за еден кредит да подигнете, луѓето кажуваат, ги слушам, куп трошоци има дур да дојдете до кредит. Имам близок пријател на кој што му се случи да му кажат затворена ви е сметката, ги прашува дали треба уште нешто да донесам, не, не, сѐ е супер. За следниот месец да излезе дека заради нивни пропуст сметката не е затворена, ама тој треба да плати 6,5 илјади денари заради нивните грешки“, вели Зајкова.

Предлог законот за предвидуваше заштита на граѓаните од плаќања на надоместок или провизија за водење и одржување на сметка на платежна картичка, регистрирање и користење на услугата за електронско банкарство, проверка на состојбата на сметка на банкомат и издавање на изводи за состојба на сметка од експозитура на банка. Дополнително, доколку законот поминеше, ќе се укинеа трошоците за повлекување на готовина од сметки од банкомати, за издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина за платежна картичка, како и трошоците за разгледување и обработка на барања за кредитни аранжмани, за станбени кредити и други провизии за кредит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvc4gu7ln5b770qvBxzk

Зајкова: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryeg25al5bt2jl3ozN1ZR

Зајкова: Доста е Пржинска влада – време е за дигитално гласање

Македонија | пред 1 седмица

media-library77m8dai6b1uq5t6yMJZ

Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите на ЛДП за укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења

Македонија | пред 1 месец

media-library2ah6h89ab4d4bxceRa2

Зајкова: Знаеме дека ќе кажат дека законот за електронска нараквица не е применлив, но истиот веќе се спроведува во БиХ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања