Промени тема
Контакт

Заладување и снег низ целата земја, следуваат температури под нулата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во попладневните часови и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат исклучиво во снег.

— реклама —

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите региони се очекува зголемување од 5 до 10 сантиметри. Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 3 степени, а максималните ќе достигнат од 3 до 8 степени Целзиусови.

— реклама —

Во Скопје, претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2 степени, а максималната ќе достигне околу 4 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе има локални врнежи од снег, а ќе дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, на повеќе места утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, додека дневните ќе останат под нулата.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Крушево, каде што до 7 часот утрово наврнаа 25 литри на метар квадратен. Утрово, особено во западните предели, на пониските места врне дожд, додека на планините врне снег и снежната покривка продолжува да се зголемува. Во текот на следните часови се очекува постепено спуштање на снежната граница.

Утрото донесе релативно студено време низ целата земја, при што на повеќе места температурите беа околу или неколку степени под нулата, што е најава за изразено зимски услови во наредните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град, најави УХМР

Македонија | пред 1 месец

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време, попладне можен локален дожд со грмежи

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања