Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Засилени санкции и нови тензии: Трамп повторно ја притиска Куба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Односите меѓу САД и Куба повторно се заоструваат по новите потези на администрацијата на Доналд Трамп, кои предизвикаа реакции и предупредувања за можна ескалација.

— реклама —

Новите тензии следуваат по федералното обвинение против поранешниот кубански лидер Раул Кастро, поврзано со соборувањето на два цивилни авиони во 1996 година, кога загинаа четворица кубанско-американски државјани.

— реклама —

Во меѓувреме, Вашингтон дополнително ги засили економските санкции кон Хавана, што, според аналитичарите, дополнително ја влошува состојбата на островот, каде веќе има проблеми со снабдување со храна, енергија и чести прекини на струја.

Поранешниот американски дипломат Рикардо Зунига предупреди дека прекинот на комуникацијата меѓу двете земји може да доведе до опасна ескалација.

— реклама —

Кубанските власти ги отфрлија новите мерки, а претседателот на државата порача дека земјата ќе се брани од секој надворешен напад. Според американски медиуми, кубанската армија веќе спроведува воени вежби поради страв од можна интервенција.

— реклама —

Иако официјално е во пензија, 94-годишниот Раул Кастро и натаму има силно влијание врз политичкиот и безбедносниот систем во Куба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4k82urp3khp83iNJzbf

По децении државна контрола, Куба подготвува нови економски реформи

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0tufam702kgueNKE2lP

Американскиот министер за одбрана со остро предупредување до Куба

Свет | пред 1 седмица

media-librarys0cd5gpk11jraBNKnz9

Куба предупредува на можен американски воен напад

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfm8gbc8583th3ZGlxiB

Кубанскиот претседател: Не сме закана, но ќе се браниме ако бидеме нападнати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања