Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека земјите-членки на НАТО ќе го искористат украинскиот претседател Володимир Зеленски за свои политички интереси за време на самитот во Анкара.
„Ќе си подаваат рака едни на други, а Зеленски ќе го префрлаат како пинг-понг топче, користејќи го за сопствени интереси. Сè ќе биде како и досега“, изјави Захарова за радиото „Спутник“, коментирајќи ја улогата на украинскиот претседател на состанокот на Алијансата.
Таа исто така оцени дека западните лидери зад затворени врати ќе разговараат за, како што наведе, „тероризмот поврзан со Киев“.
Според Захарова, „терористичкото чудовиште што го создаде колективниот Запад сега се свртело против него“.
„Оние што го хранеа со своја рака, сега повеќе не ја гледаат таа рака, бидејќи е касната, а дел од неа веќе е откинат“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.