Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Русија подготвува нови ракетни и дронски напади врз Киев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува нови ракетни и дронски напади врз клучни објекти во Украина, меѓу кои и Кабинетот на претседателот и неговата резиденција во Киев.

— реклама —

Според Зеленски, украинската воена разузнавачка служба дошла до руски документи и сателитски снимки од 6 мај на кои се гледаат координати и податоци за речиси дваесет политички и воени цели во центарот на Киев.

„Русија подготвува нови ракетни и беспилотни напади врз таканаречените ‘центри на одлучување’“, напиша Зеленски на мрежата Икс по состанокот со Генералштабот, разузнавачките служби и Службата за безбедност на Украина.

— реклама —

Тој порача дека Украина ги зела предвид информациите, но нагласи дека „Украина не е Русија“ и дека изворот на украинската одбрана е подготвеноста на народот да се бори за независноста.

— реклама —

„Русија мора да ја заврши војната и да преговара за достоинствен мир, наместо да бара нови начини за заплашување на Украина“, изјави Зеленски.

Украинските власти претходно предупредија дека Русија започнала нов бран комбинирани воздушни напади што би можеле да продолжат и во наредниот период.

— реклама —

Според Зеленски, само на 13 и 14 мај Русија лансирала 1.567 дронови и 56 ракети од различен тип врз Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 19 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 22 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања