Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес рано утринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван и во пошироките делови на јужна Италија, јавуваат тамошните медиуми.

— реклама —

Според податоците на Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија, земјотресот имал магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, на околу 240 километри југоисточно од Неапол.

— реклама —

Потресот бил регистриран на длабочина од приближно 250 километри, што придонело да биде почувствуван на пошироко подрачје.

Според информациите на италијанската новинска агенција АНСА, земјотресот бил почувствуван низ цела Калабрија, како и во околината на вулканот Везув и во источните делови на регионот Базиликата.

— реклама —

Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата и вршат проценка на евентуалните последици од земјотресот.

— реклама —

Италија е една од најсеизмички активните земји во Европа и често се соочува со земјотреси со различен интензитет, особено во јужните делови на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dzordza-meloni

Мелони предупредува на ширење хаос по заканите со бомби во 6.300 училишта

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 1 ден

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 3 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања