Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Жестоки руски напади: Украина тврди дека за седум дена биле истрелани 95 ракети и 1.700 дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarypvac84g21rnmdhGVpBi

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили во текот на изминатата недела лансирале 95 ракети, од кои повеќе од половината биле балистички, како и речиси 1.700 беспилотни летала насочени кон цели во Украина.

— реклама —

Според Зеленски, во истиот период биле фрлени и повеќе од 1.630 наведувани авионски бомби.

— реклама —

Тој наведе дека само во текот на изминатата ноќ Русија истрелала осум ракети и 136 дронови од различни типови. Нападите, според него, ги погодиле Херсонската, Доњецката, Дњепропетровската, Харковската, Сумската, Одеската, Миколаевската, Запорошката и Черниговската област, како и главниот град Киев.

Зеленски соопшти дека во Киев три лица се повредени во напад со балистички ракети, додека во Харков едно лице загинало, а девет се повредени, меѓу кои и две деца, по удар на беспилотно летало врз станбени објекти.

— реклама —

Тој додаде дека спасувачките служби продолжуваат со расчистување на последиците од нападите, како и со гаснење пожар во хипермаркет во Криви Рих.

— реклама —

Украинскиот претседател повторно апелираше до западните сојузници побрзо да испорачаат системи за противвоздушна одбрана и ракети-пресретнувачи, оценувајќи дека тие се клучни за заштита на цивилното население и намалување на руската предност во употребата на балистички ракети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 13 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 16 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања