Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Жителите на Злокуќани тргнаа во бунт за да не се префрли центарот за зависници во болницата Бардовци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
jakimovski-stevco

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски заедно со локалното население од Злокуќани ги повикаа владата и министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата Бардовци.

— реклама —

Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста, затоа што се наоѓаме пред болницата за душевно болни „Бардовци“ што се наоѓа на територија на општина Карпош и уште понепријатно ми е што граѓаните мораат на ваков начин да го изразуваат револтот на ваков начин и јас како градоначалник. Нормално е кога треба луѓе да се лекуваат. Треба и ние да создадеме услови за лекување на секој еден. Оваа душевна болница е скоро 60 и кусур години на оваа локација. Граѓаните се веќе научени со проблемите што ги имаат со нејзе, со децении, и очигледно дека веќе немаме никаков проблем. Но, сега се јавува еден огромен проблем, затоа што министерството за здравство сака сите лица зависници од опојни дроги да ги донесе овде и лекувањето да биде во душевната болница. Ние немаме проблем да се врши лечење, но секој треба да се лечи во својата општина. Што значи тоа? Сите зависници од општина Карпош, треба да се лекуваат во Карпош, и сите што се во други општини да се лечат на други места. Јас го побарав министерот за здравство, му објаснив дека имаме сериозна реакција од граѓаните, во исто време и јас не се сложувам со ваквиот начин на решавање на проблемите. Објаснувањето беше дека имаат само два тима, изјави градоначалникот Јакимовски на прес конференција.

— реклама —
Јакимовски предупреди дека доколку се реализира планот на министерот за здравство директно ќе се загрози животот на жителите на Злокуќани, кои во моментот веќе трпат огромен терор од неколку семејства доселени од Косово кои се недопирливи за полицијата, обвинителството и судот.

— реклама —
-Не можеме ние само да бидеме колатерална штета и граѓаните на Злокуќани, затоа што имаме неодговорно министерство, не зборувам само за ова, зашто има само два тима за лекување. Замислите, сакаат сите овие зависници од дрога, што биле во Кисела Вода да ги префрлат овде во Карпош, и замислете кое е објаснувањето. Градоначалникот на Кисела Вода имал изборно ветување дека ќе ги тргне зависниците од болницата каде што се лекуваат во Кисела Вода. Јас на колега Орце Георгиевски сакам да му порачам дека оваа работа не е наша општинска, ова е државна работа. Второ, ако тој има дадено ветување да ги трга од својата општина зависниците од друга, јас не сум дал ветување на граѓаните на Злокуќани и Карпош дека ќе им доведам овде зависници од дрога од територија на сите општини на град Скопје. Затоа сметам дека тој најмалку треба да се прави газда во туѓ двор, односно најмалку да посочува каде треба да бидат сместени. Од друга страна морам да упатам критика до министерството за здравство, мора да си најде решение, но овие граѓани овде нема да дозволиме да бидат реметени токму од зависниците од опојни дроги, затоа што Злокуќани и сега трпи огромен терор, особено од неколку семејства што се доселени од Косово со кои не може да се справи ни полицијата, ни обвинителството, ни судовите, ни граѓаните... и сега ако го направиме и овој дополнителен товар на овие граѓани буквално покажуваме желба да ги исселиме, а никако да им го подобриме животот и животните услови, изјави Јакимовски.

Градоначалникот предлага секоја општина да се грижи посебно за зависниците од дрога од својата општина, за конечно да се надмине овој проблем.

— реклама —

-Општината направила се овие луѓе да живеат тука во слога и да имаме нормално функционирање на локалната самоуправа. За жал имаме обид за реметење на животот на овие граѓани. Минатата власт сакаше во Бардовци да ни донесе имигранти, оваа власт сака да ни ги донесе зависниците од дрога. Луѓето имаат објективни причини да се плашат кој во нивна близина ќе постои и ќе оперира. Затоа сметаме дека секој треба да се лечи во својата општина, министерството мора да го коригира ставот, во спротивно ќе имаме сериозни проблеми. Граѓаните ова не го заслужуваат, изјави градоначалникот на општина Карпош.

Жителите на Злокуќани предупредија дека доколку ги донесат зависниците во оваа населба, староседелците ќе бидат принудени да се исселат бидејќи ќе имаат многу проблеми со нив. Затоа јавно порачаа дека нема да се сложат со ваквата евентуална одлука на министерството за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9tg331hvlm0a5u84cIU

Сите основни училишта во Карпош добиваат текбол маси

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

„Дали треба да чекаме да се случи несреќа?“: Жителка на Карпош алармира за малолетници кои палат петарди

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања