Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„10 милиони евра за фушерај - „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryuj2dcbga2kesdusJyX2

Левица преку соопштение обвинува дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ се појавиле сериозни проблеми помалку од еден месец по вселувањето на студентите, иако за реконструкцијата биле издвоени околу 10 милиони евра.

— реклама —

Од партијата велат дека на објавени фотографии се гледа како вода протекува низ ѕидовите при дожд, а до нив пристигнувале и пријави за проблеми со греењето, водата, електричната енергија и интернетот. Според наводите на Левица, во домот нема парно, од чешмите тече заматена вода, делови од објектот повремено остануваат без струја, а веќе имало и пукнати цевки. Студентите, според партијата, се жалат и на квалитетот на храната.

— реклама —

Од Левица посочуваат дека реконструкцијата се подготвувала со години и траела повеќе од две години, додека министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проектот го претставувала како значаен чекор кон подобрување на студентскиот стандард.

— реклама —

Партијата оценува дека пријавените проблеми отвораат прашања за квалитетот на изведените работи, надзорот и трошењето на јавните средства. Во соопштението се наведува и дека студентите се соочуваат со тешки услови за живот, ниски студентски примања и зголемени трошоци за образование и живот.

— реклама —

Левица бара итно отстранување на сите недостатоци во студентскиот дом „Стив Наумов“, обезбедување соодветни услови за живот и студирање, како и целосна одговорност за квалитетот на реконструкцијата, надзорот и потрошените средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања