Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

75 пожарникари повредени во катастрофалниот пожар во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryl2ng30e83iqg87NSWXP

Најмалку 75 пожарникари се повредени од почетокот на големиот шумски пожар што беснее во францускиот регион Жиронд, соопштија регионалните власти.

Од нив, десетмина морале да бидат евакуирани, но засега нема загинати меѓу припадниците на противпожарните и спасувачките служби.

— реклама —

Пожарот, кој избувна во средата во близина на Саумос, продолжил да се шири по исклучително тешката ноќ. Огнот повторно силно се разгорел во вечерните часови и станал непредвидлив, но кон крајот на ноќта ситуацијата делумно се стабилизирала.

— реклама —

Според надлежните, денешните временски услови се поповолни, што им овозможува на пожарникарите повторно да ги интензивираат активностите на терен и да им помогнат на евакуираните жители.

Од почетокот на пожарот превентивно се евакуирани речиси 220.000 луѓе во 23 општини, од кои 55.000 само во текот на изминатата ноќ.

— реклама —

Огнената стихија досега зафатила околу 42.000 хектари површина, а уништени се најмалку 240 куќи.

— реклама —

Во гаснењето учествуваат 2.500 пожарникари, 1.500 војници и 18 летала, а францускиот воен транспортен авион A400M повторно ќе биде вклучен во операциите за гаснење во текот на денот. Поради пожарот, делумно е затворен и автопатот A63.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања