Актуелно

(ФОТО) Се реконструира детското игралиште во близина на мостот на каналот „Студенчишта“

Со соодветно уредување на просторот и поставување на нови реквизити за забава на најмладите, во тек е реконструкција на детското игралиште во близина на мостот на каналот „Студенчишта“, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.659083188030621/659082978030642/?type=3&theater

Во текот на претходниот период беше извршена реконструкција и на детските игралишта на улица „Јане Сандански“ и во населбата „Христо Узунов“.

Работните активности за реконструкција на игралиштата ги изведуваа екипите на ЈП „Градски Пазар“ со поддршка на Општина Охрид.

Според планираното и во текот на наредниот период ќе се врши реконструкција и санација на детските игралишта на повеќе локации во општината.

На почеток